25 мај 2009

Воведување на ИТ во Македонско претпријатие

Верувам дека не постои претпријатие или "претприемач" кој не се залага за воведување на најновите технологии во работата. Сепак од желба до вистинска трансформација постои голема разлика. Имено, сите на некој начин се обидуваат да го нашминкаат имиџот на технолошки лидер со кој може да им се фалат на, не помалку, снобовските пријатели. Сепак доколку навистина се сака да се воведе ИТ во секојдневниот бизнис ќе треба многу повеќе од користење на емаил, статична страна или facebook профил. Не дека тоа не треба, туку е потребно многу повеќе посветеност и работа за да се направи целосна трансформација.
Постојат многу проблеми кои се јавуваат но мислам уште сега треба да се спомене најголемиот:

1.ВРЕМЕ

Па ако немате време за воведување зошто воопшто да се мачите со процедурата. Едноставно останете во 20 век и молете се на Господ за клиенти.
ИТ го променува начинот на комуникација со клиентите, добавувачите и јавноста. Па нели комуникацијата е суштината на економијата, а усовршувањето ефикасноста и ефективноста на комуникацијата е двигател на развојот. Затоа немојте да мислете дека времето кое ќе го истрошите во воведување на ИТ ќе биде изгубено време. Со ИТ ќе добиете нови клиенти со кои ќе комуницирате побрзо, нови добавувачи со пониски цени, и јавноста ќе биде подобро запознаена како работите, што значи дека нема да добива срцев удар секој пат кога некоја пратка ќе закасне. Одвоете минимум еден час неделно во кој ќе можете слободно да размислувате како ИТ ќе му помогне на вашиот бизнис.

2. Секогаш во движење

ИТ не воведувате еднаш засекогаш, така да рагледајте се што има ново на вебот. Ако имате статична страна со единствена слика на која сте сликани како мислите што ве удрило, обновете ја страната со некои динамички функции. Направете newsletter, RSS, дозволете им на посетителите да оставаат коментари итн. Замислете колку социјални сајтови во Македонија постојат а ниту еден не им дозволува да додаваат коментари.
Доколку се работи за некоја мала фирма како фризерски салон или бутик може да се помине и со емаил, блог, и facebook профил. Но ако сте фирма од над 10 вработени од трговијата, притоа чиј пазарен удел е значителен (нема перфектна конкуренција), размислете сериозно каде сте. Бидејќи ако во Македонија нема силна конкуренција, може да дојде од странство. И знајте една веб страна не е исто со воведување на ИТ во бизнисот. Потребно е да ги разгледете сите опции и ангажирате консултант кој ќе ви помогне. Верувајте во Македонија еден добар совет не вреди толку многу колку во Сад.


3. Бесплатно рекламирање

Не постои во реалниот свет добар пример каде што постојат толку многу опции за рекламирање бесплатно. Да почнам со форумите каде што може "несакајќи" да ја вметните вашата веб страна заедно со коментарот. Wikipedia е исто така место каде објавувајќи некоја статија можете да го вметнете вашиот "стручен" сајт. Бесплатните огласувачи кои постојат како во Македонија така во целиот свет може да ви помогнат да продадете некоја застарена стока. Блоговите како овој :) се добри за промовирање на вашиот бизнис.
Секогаш кога ќе ви биде понудено рекламирање во некој сајт на интернет, прашајте на кое место се наоѓа на Google за некој збор кој е важен за вашиот бизнис. На пример ако се наога на 1 место за зборот "гаќи" а вие сте дистрибутер на бикини немојте да прифатете да прифатете додека не ја подобри позицијата на "бикини".

4. Пари

Постои една поговорка "најдоброто е бесплатно". Ова може да се земе во предвид и за воведувањето на ИТ. Имено, се разбира дека е потребна инвестиција, но не толку колку е се потребни предходно наброените работи. Ако имате време парите се најмал проблем. Ќе ви треба околу 1000 евра за една типична мала македонска компанија. Тоа не се воопшто голема сума на пари кога ќе ги распределите на неколку години (по што ќе биде потребно да ја повторите инвестицијата со нешто поново). Така да, не трошете пари на флаери кои никој не ги чита повеќе од 5 секунди и реклами во пропаднати весници, воведете ИТ. Инвестицијата сигурно ќе ви се врати (доколку ја направите како што треба).

Нема коментари:

Објави коментар